Лазаров со специјални мундијалски патики на СП (ФОТО)

Кире Лазаров со години наназад е заштитно лице на „Хумел“, па оваа компанија за спортска опрема неслучајно изготви специјални мундијалски патики за македонскиот ас, во кои нашиот капитен ќе го предводи националниот тим на Светското Првенство во Франција.

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров на Светското првенство во Франција, кое започнува на 11 јануари ќе настапи во специјални патики, изработени од неговиот спонзор „Hummеl”. Патиките данската компанија ги изработи специјално за нашиот капитен и се комплетно обоени во црвена и жолта боја, како би биле брендирано во нашите национални бои“ – беше обелоденето на официјалната веб-страница на Кире Лазаров.

„Бум Бум Кире“ дефинитивно има реноме во ракометна Европа, па неслучајно е дел од „семејството на Хумел“ заедно со Хансен, Виктор Томас, Хајневетер, Нарсис…

lazarov patiki2 lazarov patiki

Се вчитува...