Лазаров: Собираме искуство од вакви натпревари

Македонскиот вицепрвак Алкалоид, доживеа пораз од Војводина на гостувањето во Нови Сад, што беше четврти во групата во Лигата на Европа со 34-29.

После натпреварот своите импресии ги искажа тренерот Кирил Лазаров, кој уште еднаш кажа дека неискуството на вакви натпревари за екипата и играчите го зеде уште еднаш данокот.

„Борбен натпревар од двата тима. Војводина е квалитетен состав и искусен. Тоа го кажав уште пред натпреварот. Противникот секогаш воведува нешто во играта, имаат квалитетни играчи и тешко се играше против нив, особено кога имаш млад состав како што е нашиот. Учиме од овие натпревари и собираме искуство“, рече Лазаров.

Марко Митев кажа пропуштените шанси го чинеа тимот нов пораз.

„Одличен натпревар за двете екипи. Пропуштивме шанси, но игравме со силен и квалитетен противник и од вакви натпревари можеме само да учиме и да собираме искуство“, изјави Митев.

Се вчитува...