Навивачите на Реал Мадрид денеска имаа причина за загриженост откако од Франција пристигна информација дека најпрвин Килијан Мбапе, а потоа и Едуардо Камавинга го напуштиле репрезентативниот камп жалејќи се на повреди по последниот дуел со Украиа.
Вечерва сепак стигнуваат смирувачки ноти од Мадрид, откако весникот „Марка„ со објава дека двајцата фудбалери воопшто не се повредени, повикувајќи се на извори од клубот.
Мбапе пристигнал здрав во Мадрид и воопшто е биле извршени прегледи врз него, а настапот на најдобриот стрелец наредниот викенд против Елче воопшто не е доведен во прашање. Кај Камавинга прегледите покажале дека не станува збор за повреда, туку за оптоварување на мускулите, па и тој без проблем ќе биде „фит“ за пресметката за осум дена со Елче.
Ова не се единствените двајца фудбалери кои се повредени за репрезентациите, не и за Реал, откако Куртоа и Валверде воопшто не отпатуваа со своите национални селекции, но веќе од понеделник целосно ќе му бидат на располагање на Чаби Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

