Лазовски го објави поширокиот список на кошаркарки

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Марјан Лазовски, го изготви поширокиот список на кошаркарки на чии услуги ќе смета претстојниот ноември кога сениорките ќе земат учество во квалификациите за Европското првенство 2019.

Првиот тренинг ќе се одржи на 6. ноември во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Првиот натпревар во рамки на квалификациите ќе го играме на домашен терен, на 11. ноември, со почеток во 19 часот, против силната селекција на Италија која на годинашниот Евробаскет заврши на седмото место.

  1. Јелена Антиќ – Висла Кенпак (Полска)
  2. Криси Гивенс – Авенида (Шпанија)
  3. Ивана Кметовска – Замарат (Шпанија)
  4. Анџелика Митрашиновиќ – Будуќност (Црна Гора)
  5. Ана Тантуровска – Волос (Грција)
  6. Нена Трајчевска – Бор (Србија)
  7. Ивона Пејковска – Пожега (Хрватска)
  8. Софија Лазареска – Бадел 1862 (Македонија)
  9. Александра Стојановска – Бадел 1862 (Македонија)
  10. Едина Муса – Вардар  (Македонија)
  11. Кристина Јаневска – Вардар (Македонија)
  12. Цветанка Димова – Бадел 1862 (Македонија)
  13. Сања Адамовска – Бадел 1862 (Македонија)
  14. Анамарија Шеќероска – Струга 2009 (Македонија)
  15. Јована Петрушевска – Вардар (Македонија)
  16. Драгана Петковска – Њубери Колеџ (САД)
  17. Ива Крстевска – Њуман Колеџ (САД)
  18. Снежана Серафимоска – Струга 2009 (Македонија)
  19. Габриела Модева – Струга 2009 (Македонија)
  20. Тијана Митрева – Мерцедес Алгеро (Италија)
  21. Илина Селцова – Ратгербер (Унгарија)
  22. Матеа Николиќ – Стела Азура (Италија)
  23. Ивона Кожобашиовска – Сицилија (Италија)
  24. Сара Анастасиеска – Калифорнија Колеџ (САД)

Се вчитува...