Лазовски го скрати списокот за квалификациите за ЕП: Без Муса, но со Јелена Антиќ

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Марјан Лазовски, го скрати списокот на повикани кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во квалификациите за Европското првенство.

За првиот собир, закажан за 12. ноември со почеток во 20 часот во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, предвидено е да се појават 13 кошаркарки.

СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП:

1. Анџелика Митрашиновиќ
2. Ивона Пејковска
3. Ана Тантуровска
4. Софија Лазареска
5. Александра Стојановска
6. Ивана Кметовска
7. Матеа Николиќ
8. Јована Петрушевска
9. Јелена Антиќ
10. Цветанка Димова
11. Анамарија Шеќероска
12. Ивона Кожобашиовска
13. Кристина Јаневска

Се вчитува...