Лазовски го соопшти конечниот список за квалификациите за ЕП: Без Антиќ, Пејковска и Гивенс

Селекторот на националната селекција во женска сениорска конкуренција, Марјан Лазовски, го скрати списокот на кошаркарки повикани за претстојните два натпревара во рамки на евро-квалификациите.

Кошаркарките Јелена Антиќ и Ивона Пејковска изостанаа од списокот поради рехабилитација од повредите кои ги заработија кон крајот на минатата календарска година. Во овој прозорец на располагање на Марјан Лазовски нема да биде ниту нашата натурализирана кошаркарка Криси Гивенс која ќе го искористи периодот за рехабилитација од стрес-фрактура.

Првиот натпревар сениорките го играат на домашен терен, против Хрватска, на 10. февруари со почеток во 20:45 часот. Вториот натпревар го играат на гостински терен против Италија.

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВ СОБИР
1. Анџелика Митрашиновиќ
2. Ана Тантуровска
3. Александра Стојановска
4. Нена Трајчевска
5. Софија Лазареска
6. Ивана Кметовска
7. Едина Муса
8. Јована Петрушевска
9. Цветанка Димова
10. Анамарија Шеќероска
11. Кристина Јаневска
12. Ивона Кожобашиовска
13. Матеа Николиќ
14. Ешли Парис

Се вчитува...