ЛЕ: Андерлехт извлече реми со Јунајтед, победи за Ајакс и за Селта

Манчестер јунајтед долго имаше водство, но со реми 1-1 се враќа од Белгија, од првиот четвртфинален дуел од Лигата на Европа против Андерлехт. Победи на домашен терен остварија Ајакс и Селта, а Лион по првиот дел во мечот што почна со задоцнување, губи од Бешикташ дома со 0-1.

Хенрик Мхитарјан му донесе водство на англискиот претставник во 27.минута, но Леандер Дендокер израмни во 86.минута од средбата. Тимот на Жозе Мурињо сепак има поволен резултат пред реваншот што ќе се игра на „Олд трафорд“.

All Goals & Highlights HD – Anderlecht 1-1… by PatsaN4ik

Ајакс со 2-0 го совлада Шалке 04 во Амстердам. Капитенот Дејви Класен беше стрелец на двата гола. Во втората минута погоди од пенал, а во 52.минута го постави конечниот резултат.

All & Goals & Highlights – Ajax 2-0 Schalke… by sportvideostv

Најмногу голови имаше во Виго, каде Селта го победи Генк со 3-2. Белгијците први поведоа преку Боетиус, но потоа следеа три гола на Селта во првото полувреме. Систо израмни, Иаго Аспас донесе водство за Селта, а Гвидети зголеми на 3-1. Буфел во 67.минута постигна втор гол за Генк и ги постави конечните 3-2.

All & Goals & Highlights – Celta Vigo 3-2… by footballtvvideos

Се вчитува...