ЛЕ: Арсенал го „торпедираше“ Стандард, Лацио со превсрт до триумф против Рен

Арсенал убедливо славеше со 4-0 против белгиски Стандард Лиеж во 2. коло од Лигата на Европа, по што се зацврсти на челната позиција во Групата Ф.

Стрелци на головите за „топчиите“ беа Мартинели во 13. и во 16. минута, Вилок во 23. минута и Себаљос во 57. минута од натпреварот. Во вториот меч од оваа група Ајнтрахт Франкфурт славеше на гостувањето против Гимараеш со 0-1, со голот на Н’Дика во 36. минута.

Лацио со пресврт триумфираше со 2-1 против Рен. Французите поведоа со голот на Морел во 55. минута, но римјаните преку Милинковиќ-Савиќ во 64. и Имобиле во 75. минута дојде до трите бода. Во вториот натпревар од Групата Е, Селтик го победи Клуж со 2-0.

ЛИГА ЕВРОПА – 2. КОЛО

ГРУПА А: Дуделанж – Карабах 0-4, Севилја – АПОЕЛ 1-0

ГРУПА Б: Малме – Копенхаген 1-1, Лугано – Динамо Киев 0-0

ГРУПА Ц: Краснодар – Гетафе 1-2, Трабзонспор – Базел 2-2

ГРУПА Д: Розенборг – ПСВ 1-4, Спортинг – ЛАСК 2-1

ГРУПА Е: Лацио – Рен 2-1, Селтик – Клуж 2-0

ГРУПА Ф: Арсенал – Стандард 4-0, Гимараеш – Ајнтрахт Ф. 0-1

Се вчитува...