ЛЕ: Арсенал убедлив во Франкфурт, Лацио поразен од Клуж… (ВИДЕО)

Арсенал со убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт ги стартуваше годинашните настапи во Лигата на Европа.

Стрелци на погодоците за Арсенал беа Вилок во 38. минута од средбата и во самиот финиш, Сака во 85. минута и Обамејанг во 88. минута…

Во Групата Д, ПСВ славеше со 3-2 против Спортинг Лисабон во чии редови поради повреда очекувано во составот не беше македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Во Групата Е, Лацио загуби со 2-1 на гостувањето од романски Клуж. Деак и Омрани беа стрелци на головите за Романците.

ЛИГА ЕВРОПА – 1. КОЛО

ГРУПА А: АПОЕЛ – Дуделанж 3-4, Карабах – Севилја 0-3

ГРУПА Б: Копенхаген – Лугано 1-0, Динамо Киев – Малме 1-0

ГРУПА Ц: Базел – Краснодар 5-0, Гетафе – Трабзонспор 1-0

ГРУПА Д: ПСВ – Спортинг 3-2, ЛАСК – Розенборг 1-0

ГРУПА Е: Клуж – Лацио 2-1, Рен – Селтик 1-1

ГРУПА Ф: Ајнтрахт Ф. – Арсенал 0-1, Стандард – Гимараеш 1-0

Се вчитува...