ЛЕ: Атлетико Мадрид преживеа во Лисабон, Арсенал, Марсеј и Салцбург полуфиналисти

Атлетико Мадрид загуби со 1-0 на гостувањето кај Спортинг Лисабон, но се пласира во поолуфиналето на Лигата на Европа поради триумфот од 2-0 во првиот меч на домашен терен. Фреди Монтеро беше стрелец на единствениот гол за португалскиот тим, а Стефан Ристовски беше стартер и играше до 79.минута од средбата.

Во полуфиналето одат и Салцбург, кој го елиминира Лацио, Арсенал и Олимпик Марсеј.

Салцбург направи изненадување и го совлада Лацио со 4-1, откако во Рим загуби со 4-2. Чиро Имобиле прв стрелаше на овој меч, Дабур израмни во првиот дел, а Салцбург во второто полувреме за четири минути даде три гола за големо изненадување. Стрелци беа Хаидара, Хванг и Лаинер.

ЦСКА Москва ремизираше (2-2) против Арсенал, а „топчиите“ имаа предност од 4-1 од Лондон. Чалов и Набакин му дадоа голема надеж на рускиот тим, но Дани Велбек ги скрати нивните желби за полуфинале, а Арон Рамзи донесе израмнување во судиското продолжение.

Олимпик Марсеј со 5-2 го совлада Лајпциг и ја анулира негативата (0-1) од првиот меч. Брума во втората минута го доведе Лајпциг во водство, но домашните брзо возвратија. Илсанкер си даде автогол, а Сар и Товин донесоа предност од 3-1. Аугустин намали на 3-2, што во тие моменти го носеше германскиот тим во полуфиналето, но Пајет и Сакаи го докрајчија Лајпциг.

Се вчитува...