ЛЕ: Јунајтед доби подарок гол па спаси триумф во 92. минута…, „бомба“ во Франкфурт, шокантен резултат во Рига (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед триумфираше со 2-1 против Глазгов Ренџерс во 7. коло од Лигата на Европа, за голем чекор кон осминафиналето во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Во крајно интересен натпревар Јунајтед најпрво во 52. минута доби подарок-гол од гостинскиот голман кој постигна автогол каков ретко се гледа на фудбалските терени.

Бутланд, по корнерот на домашните, во обидот да ја „боксува“ топката си ја смести во сопствената мрежа.

Но, Ренџерс израмни со голот на Дисерс во 88. минута од натпреварот.

Сепак, победата на Манчестер Јунајтед ја осигура Бруно Фернандеш со погодок во 92. минута…

Ајнтрахт Франкфурт триумфираше со 2-0 против Ференцварош, во мечот во кој пред се за издвојување е погодокот на вечерта на Узун Чан во 49. минута за водството од 1-0 на Ајнтрахт. Вистинска „бомба“ на Узун Чан од 20 метри!

Шокантен пораз на Ајакс на гостувањето против РФС во Рига. Летонците до победата дојдоа со голот на Маркиев во 78. минута од натпреварот.

РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО

Ајнтрахт Ф. – Ференцварош 2-0

Елфсборг – Ница 1-0

Лацио – Реал Сосиедад 3-1

Лудогорец – Митјиланд 0-2

Манчестер Јунајтед – Глазгов Ренџерс 1-0

ПАОК – Славија Прага 2-0

РФС – Ајакс 1-0

Ројал Унион – Брага 2-1

Се вчитува...