ЛЕ: Лион од пораз до победа за три минути

Францускиот претставник Лион го совлада Бешикташ со 2-1, во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Европа. Дуелот на кој му претходеше жестока тепачка на навивачите и започна со задоцнување, донесе и возбудлив фудбал.

Бешикташ поведе со голот на Рајан Бабел во 15.минута од средбата. Но, Лион успеа да направи пресврт, и тоа за три минути, во самата завршница од мечот. Толисо во 83.минута израмни на 1-1, а во 85.минута Жереми Морел ја искористи огромната грешка на голманот на гостите Фабри и постигна втор погодок за Лион. Тој сакаше да дрибла во шеснаесетникот, но Морел му ја одзема топката и ја смести во мрежата.

Lyon vs Besiktas 2-1 All Goals Highlights 2017 HD by footballlivehdnow

Се вчитува...