ЛЕ: Партизан со пресврт до победа (видео)

Фудбалерите на Партизан со предност од еден гол ќе патуваат на реваншот во Норвешка против Молде откако вечерва по голема битка стигнаа до триумф од 2-1. Поради казна од УЕФА „црно-белите“ ја немаа вообичаената поддршка од трибините, каде имаше место само за деца до 14 години.

Молде го искористи тоа и прв дојде до водство пред крајот на првото полувреме, но Партизан израмни преку Сума само две минути подоцна. „Црно-белите“ тргнаа во офанзива во вториот дел, а по промашениот зицер на Асано победничкиот гол го постигна Тошиќ, по одличната асистенција на Урошевиќ.

На останатите натпревари, ПСВ Ајндховен славеше со 3-0 над Аполон Лимасол, додека Селтик триумфираше со 2-0 во Глазгов над шведскиот претставник АИК.

Ланскиот полуфиналист Ајнтрахт загуби на гостувањето против Стразбур со 1-0, а во најинтересниот меч на програмата Вулверхемптон на гостински терен го совлада Торино со 2-3.

Се вчитува...