ЛЕ: Пирова победа на Ливерпул во Бергамо, Рома го елиминираше Милан, и Баер Леверкузен издржа во Лондон

Ливерпул триумфираше во Бергамо со 0-1 против Аталанта на реванш-натпреварот од четвртфиналето во Лигата на Европа, но запиша само пирова победа со која го заврши европското натпреварување по поразот од 0-3 од пред една недела на „Енфилд“.

Салах со голот од пенал уште во 7. минута од средбата отвори простор за Ливерпул да се обиде да ја анулира негативата од првиот меч, но тоа беше се од „црвените“ кои не успеаја да постигнат уште еден гол.

Токму Салах имаше извонредна можност која не ја реализира од идеална позиција во првото полувреме, со што го „замрзна“ шансите на својот тим, а и овозможи на Аталанта лесен пласман во полуфиналето.

Рома, пак, со нова победа овој пат од 2-1 против Милан дојде до полуфиналето.

По триумфот од 0-1 во Милано, „волчицата“ денеска победата ја осигура со головите на Манчини во 12. минута и Дибала во 22. минута. Милан со голот на Габиа во 85. минута само го ублажи поразот.

Место во полуфиналето има и за Баер Леверкузен, кој по победата од 2-0 на првиот меч, сега ремизираше (1-1) на гостувањето против Вест Хем.

Вест Хем поведе со погодокот на Антонио уште во 13. минута, но Фримпонг во 89. минута ги постави конечните 1-1.

Последниот полуфиналист во Лигата на Европа е француски Марсеј кој по изведувањето на пеналите беше подобар од Бенфика. Французите по регуларниот дел победија со 1-0, анулирајќи ја предноста на Бенфика (1-2) од првиот меч. Стрелец на голот за Марсеј беше Мумбања во 79.минута.

Се вчитува...