Манчестер јунајтед доживеа неочекуван пораз од 2-1 на гостувањето во Казахстан против отпишаната Астана во петтото коло од Лигата на Европа.
Составот на Оле Гунар Солскјер имаше предност по првото полувреме, но беше посрамотен во вториот дел кога дозволи два погодоци во сопствената мрежа за пораз.
Лингард уште во 10.минута донесе предност за Јунајтед, но Шимко израмни во 55.минута, а со автоголот на Бернард во 62.минута Астана дојде до трите бода.
И по овој пораз Англичаните се на врвот од табелата со 10 бода, два повеќе од АЗ Алкмар кој вечерва го пречекува белградски Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА