Рафаел Леао никогаш не бил така блиску до заминување од Милан како што е тоа случај во изминатите 24 часа, откако Астон Вила тргна во офанзива за потписот на крилниот офанзивец.
Аморим стави до знаење дека не смта сериозно на својот сонародник, но Милан се соочи со проблем бидејќи ниту еден клуб од Топ 5 лигите сериозно не „загриза“ за Леао летово. Галата и Фенербахче преговараа со „росонерите“, но Рафаел веднаш стави до знаење дека не е воодушевен од идејата за преселба во Турција.
Кога е Астон Вила во прашање, ставот на фудбалерот е сосема спротивен, тој е максимално мотивиран да се докаже во најсилната лига во светот, и тоа во тим кој ќе биде дел и од Лигата на Шампионите. Унаи Емери има пари за трошење по продажбата на Роџерс во Челси, на излезна врата се наоѓа и Оли Воткинс (пред преселба во Саудиска Арабија), па Вила може без проблем да си дозволи да плати 50 милиони фунти, колку што Милан бара за Леао.
Италијанските медиуми тврдат дека личните услови нема да бидат проблем, а двата клуба се многу блиску до постигнување целосен договор околу отштетата за која Леао би добил зелено светло за преселба на „Вила Парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
