Леброн без милост за неговиот Кливленд (ВИДЕО)

Кливленд можеше да се носи со Лос Анџелес Лејкерс само едно полувреме, дури и имаше предност на паузата од еден поен. Сепак, силата на „лејкерс“ излезе на виделина во второто полувреме. По третата четвртина имаа плус 14, а оваа предност ја зголемија со дополнителни 15 поени за конечните 128-99 на крајот од дуелот. Леброн Џејмс беше предводник во успехот со 31 поен и осум асистенции. Двајт Хауард постигна 21 поен, имаше и 15 скока. Кај Кливленд се истакна Кевин Лав со 21 поен и 11 скока.

Џејмс на овој дуел дојде до ново големо постигнување, стигна до бројката од 9062 асистенции во кариерата и се проби на осмата позиција на вечната листа надминувајќи го Ајзеа Томас.

 

 

Победничката серија на „лејкерс“ трае девет последовни натпревари, тимот е далеку пред конкуренцијата во Западната конфернеција со биланс 33/7. Вторполасираниот Денвер заостанува шест победи.

Во натпревар со драматичен финиш, Орландо го победи Сакраменто со 112-114. Никола Вучевиќ беше прв стрелец во победата со 26 поени, кај Сакраменто, Немања Бјелица забележа рекорд на кариерата со 34 поени. За Орландо ова е 19. победа сезонава, има и 21 пораз и е на седмата позиција на Исток, Сакраменто е далеку надвор од плеј-оф зоната на табелата во Западната конференција.

 

 

 

Се вчитува...