Леброн-Дејвис-Хауард, триото за победи на Лејкерс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја врзаа втората последовна победа откако на домашен терен славеа во пресметката со Шарлот со 120-101. „Лејкерерс“ беа подобри во речиси целиот тек од средбата, а победничкиот исчекор сепак го направија во завршниот сегмент кој го добија со 33-21.

Ентони Дејвис имаше шоу во првото полувреме, постигна 25 од вкупно 29 поени до паузата. Леброн Џејмс дуелот го заврши со 20 поени, а се разбуди и Двајт Хауард кој имаше вкупно 16 поени. Мајлс Бриџес со 23 поени беше најефикасен кај Шарлот.

По првата седмица од НБА сезоната, „лејкерс“ имаат биланс од 2-1 откако на стартот загубија од дербито на Лос Анџелес од „клиперс“.

Портланд му го нанесе на Далас првиот сезонски пораз, славеше со 119-121 на гостувањето во Тексас во неизвесен и драматичен финиш на  натпреварот во кој домашниот состав прокоцка предност од 19 поени од вторта четвртина. Портланд беше одличен во третиот сегмент кога го доведе резултатот до егал, во решавачките моменти пресудно беше слободното фрлање на Кен Бејзмор за 121-119 по што Тим Хардавеј имаше непрецизен шут за победа на Далас.

Си Џеј Мекалум со 35 поени и Демијан Лилард со 28 го предводеа Портланд до победата. Порзингис со 32 поени беше прв стрелец кај Далас, Дончиќ заврши со 29 поени.

Минесота го одржува победничкиот ритам, го забележа и третиот триумф на третиот одигран натпревар откако на одмашен терен го совлада Мајами со 116-109. Ендрју Вигинс во последната четвртина ги постигна сите поени во серијата од 11-0 на Минесота со која беше обезбедена победата. Тој дуелот го заврши како прв стрелец на тимот со 25 поени. Карл Ентони Таунс постигна 23 поени, А Џек Тиг 21. Во првиот сезонски пораз на Мајами, Кендрик Нун забележа 25 поени, Данкан Робинсон 21, а Џастис Винслоу 20 поени.

 

 

 

Се вчитува...