Леброн Џејмс: Ако не се заврши НБА сезоната, ќе немам соодветен заклучок

НБА сезоната, која е прекината поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде заклучена без продолжување и доигрување на останатите натпревари.

Тоа тешко му паѓа на Леброн Џејмс, кој со тоа би загубил можност за брка уште една титула.

ЛА Лејкерс рамноправно се борат за освојување на насловот, а на Леброн секоја освоена титула му е важна во вечната борба за титулата – најдобар кошаркар на сите времиња. Освен тоа „кралот“ сезонава се впушта во битката и за МВП признанието.

„Ако НБА сезоната не се заврши, нема да имам заклучок каков што ми е неопходен“ – изјави Џејмс за НБЦ-спортс.

Се вчитува...