Леброн Џејмс доби закани – „Ќе те убијам на тајм-аут!!!“

Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс доби закани по неговиот живот. На Инстаграм се појави заканувачка порака од еден лажен профил на кој беше напишано дека на 18. февруари на мечот меѓу Бруклин Нетс и ЛА Лејкерс тој ќе го убие Џејмс.

„Во четврток на 18. февруари ќе дојдам на натпреварот Лејкерс – Нетс. Во салата ќе внесам пиштол и ќе те убијам во текот на тајм-аут“, напиша некој од лажниот профил, а потоа следуваше и извинување. 

„Би сакал јавно да му се извинам на Леброн поради заканите. Тоа беше само шега. Сфатив дека заканите за смрт не можат да бидат шега, бидејќи луѓето ги сфаќаат сериозно. Можете да ме мразите колку сакате, но не можам да го вратам времето“, беше напишано на профилот. 

 

Се вчитува...