Леброн Џејмс е првиот играч во историјата со трипл-дабл ефект против сите НБА тимови (ВИДЕО)

Со петтиот трпл-дабл учинок сезонава, Леброн Џејмс ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до петтата последовна и до 12-та вкупно победа сезонава. Тимот од „градот на англеите“ славеше со 112-107 над Оклахома и со биланс 12-2 е убелив на врвот на Западната конференција и во монетов најусешен состав во Лигата.

Џејмс постигна 25 поени, имаше и 11 скока и 10 асистенции. Со ова постигнување, „кралот“ е првиот кошаркар во историјата кој успеал да постигне трип-дабл против сите тимови во НБА лигата. Сепак прв стрелец на тимот беше Ентони Дејвис со 34 поени. Денис Шродер имаше 31 поени на врвот на листата стрелци кај Оклахома, Галинари постигна 25. Оклахома има биланс од пет победи и девет порази и е на десеттото место на табелата во Западната конференција.

Едно место погоре, на деветтата позиција на Запад се проби Сакраменто кој има четири победи на последните пет натпревари. „Кингс“ го добија дуелот со Феникс со 120-116, а мечот го обележа рекордот на кариарата на Богдан Богдановиќ кој иако не беше стартер постигна 31 поен.

Голден Стејт конечно ја прекина серијата порази. Славеше со 114-95 над Мемфис. Алек Бркс со 29 поени беше предводник во победата за тимот кој е убедливо најслаб на Западот сезонава.

 

 

Се вчитува...