Леброн Џејмс ќе паузира уште една седмица

Лос Анџелес Лејкерс ќе мора да издржи без својот најдобар кошаркар, мегаѕвездата Леброн Џејмс и во наредните седум дена. Поради повреда тој паузира од 25.декември, кога не го заврши дуелот против Голден Стејт, а нема да биде со тимот ниту наредната мини – турнеја.

Лејкерс одиграа четири натпревари без Леброн Џејмс, сега ќе мораат уште четири, а тоа ќе биде и најдолгата пауза за кошаркарот во неговата кариера. На „езерџиите“ им претстојат натпревари против Њујорк, Минесота, Далас и против Детроит.

 

Се вчитува...