Леброн Џејмс, првпат по 2005 година, остана без плеј-оф! (ВИДЕО)

Повеќекратниот шампион во НБА лигата, ЛА Лејкерс и официјално остана без плеј-оф оваа сезона откако синоќа загуби во „Стејплс центарот“ од Бруклин со 106-111.

За Лејкерси ништо чудно ако се погледнат последните години, но ова е првпат доигрувањето за титулата да биде без Леброн Џејмс уште од 2005 година.

Во израмнет натпревар, Бруклин успеа да стигна до победата со далеку подобра завршницата во која важна улога одигра Спенсер Динвиди кој запиша 19 поени. Најефикасен кај Бруклин беше Џо Харис со 26 поени, а Расел запиша „дабл-дабл“ од 21 поен и 13 асистенции.

Леброн Џејмс даде се од себе Лејкерси да го избегнат поразот. Натпреварот го заврши со 25 поени, девет скока и 14 асистенции. Фантастична партија во редовите на домашните пружи Мекги кој постигна 33 поени а имаше и 20 скока и шест блокади. Но, залудно…

Се вчитува...