„Леброн е послаб од Пипен, камоли од Џордан“

За Денис Родман нема никаква дилема дека Мајкл Џордан е најдобриот кошаркар на сите на времиња, а на прашањето на неговиот поранешен соиграч денеска бил бил подобар од Леброн Џејмс, Родман даде интересен одговор – И Скоти Пипен би бил подобар од Леброн.

Експертот за борба под обрачите повторно се најде во центарот на вниманието откако во интервју за ЕСПН уште еднаш потенцираше колку реално бил потценет Скоти Пипен во НБА-лигата.

„Во тоа време Лери Бирд беше најдобриот крилен кошаркар. Сепак, тој беше многу голем и не можеше да игра буквално на секој позиција како Скоти, не беше доволно агилен. До ден денеска луѓето не го ценат доволно она што Пипен го стори во 1991 година, тој направи револуција за позицијата крило. Сите играчи кои сега му се слични, асови како Кевин Дурант, треба да му бидат благодарни за она што Скоти го направи. Ако Леброн играше во деведесеттите години, не се сомневам дека би бил зад Пипен. На врвот секако е Мајкл“, истакна Родман.

Се вчитува...