Леброн ги налути Американците: НФЛ? Бели старци – робовладетели!

Леброн Џејмс ги „зовре“ страстите на американската јавност со неговите коментари за време на гостувањето на ТВ емисија непосредно пред синоќешниот дуел во НБА лигата.

На прашањата околу НФЛ лигата, Леброн имаше специфични коментари кои предизвикаа бура реакции…

„Во НФЛ е собран куп на бели старци кои ги поседуваат тимовите и тие го имаат тој робовладетелски менталитет. Работата кај нив е јасна. Тие размислуваат на овој начин: Ова е мој тим и ќе правите што е.ено ќе ви кажам, иначе летате од тимот“ – истакна Џејмс и дополни:

„Разликата меѓу НБА и НФЛ е што во НБА на играчите гледаат како на потенцијал, а во НФЛ е важно само она што можеш да го покажеш на денот на натпреварот“.

Се вчитува...