Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс пред петтиот натпревар од серијата против Портланд Треилблејзерс со поздравот „Ваканда засекогаш“ му оддаде почит на Чедвик Босман, главната ѕвезда од Марвеловиот „Црн пантер“, кој вчера почина, откако ја битката со ракот на само 43 години.
„Ги загубивме „Црната Мамба“ и „Црниот пантер“ во иста година. Сите може да се сложиме дека 2020 е најср*ње година“, изјави Леброн.
Лејкерс триумфираа во петтиот меч против Портланд и со вкупни 4-1 се пласираа во втората рунда во Западната конференција каде го чекаат подобриот од серијата меѓу Хјустон Рокетс и Оклахома Сити Тандер, каде Рокетс имаат предност од 3-2.
View this post on Instagram
LeBron reflected on the deaths of Chadwick Boseman and Kobe Bryant after Game 5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА