Леброн го бара Богдановиќ во ЛА Лејкерс

ЛА Лејкерс добро ја стартуваше сезоната, но на Леброн Џејмс му е јасно дека ќе биде неопходно да се доведе дополнителна „артилерија“ за тимот да може да атакува на највисок пласман. Токму затоа „езерџиите“ тргнаа во офанзива по Богдан Богдановиќ, во обид да го доведат српскиот кошаркар во своите редови.

Леброн, заедно со клупските челници, верува дека играч со шутерски квалитети како Богдановиќ, ќе претставува огромна опасност за ривалите во ситуација кога тој и Дејвис ќе бидат удвојувани. Затоа и преговорите со Сакраменто Кингс се веќе стартувани, а како дел од првиот „пакет“ тимот од Лос Анџелес го понуди Кајл Кузма. Директорот на „кралевите“, Владе Дивац, не е импресиониран од Куизма и најверојатно ќе ја одбие понудата, но остава простор за нови преговори и постигнување договор со кој сите би биле задоволни.

Богдановиќ следното лето би станал „ограничен слободен агент“, засега е предалеку од потпишување на нов договор со Сакраменто, па „кралевите“ сериозно ги разгледуваат сите понуди за негова „трампа“ до крајот на преодниот рок во НБА-лигата.

Се вчитува...