Леброн го помина Мајкл Џордан на 4. место на листата на најдобрите стрелци во историјата

Леброн Џејмс од синоќа е четврти стрелец во историјата на НБА лигата.

Џејмс во мечот против Денвер му беа неопходни 13 поени за да го помине Мајкл Џордан на вечната листа, и успеа уште во втората четвртина од мечот. А, публиката во „Стејплс центарот“ со овации го прослави овој рекорд.

„Кралот“ сега има 32.311 поени, Џордан е на 32.292 поени, а пред Леброн се уште само тројца кошаркари. Дури и Карем Абдул-Џабар, кој е на врвот, и неговата бројка од 38.387 во иднина би можеле да бидат загрозени.

На второто место зад Џабар се Карл Мелоун со 36.928 поени и Коби Брајант со 33.643 поени. Речиси е сигурно дека барем нив Леброн ќе ги помине до крајот на кариерата.

Се вчитува...