Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо очекувано се играчите кои добија најголем број гласови за Ол-стар викендот. Како лидери во изборот кој го прават навивачите, медиумите и кошаркарите, двете ѕвезди ќе бидат капитени на тимовите кои што ќе се соочат во финалето на викендот на „сите ѕвезди“ кој годинава од 15 до 17 февруари ќе се одржува во Шарлот.
За Леброн Џејмс кој веќе подолг период поради повреда отсуствува од тимот на Лос Анџелес Лејкерс ова е прв Ол-стар викенд играч на екипа од Западната конференција. За Џејмс ова е 15 настап на Ол-стар како стартер со што се израмнува со Коби Брајант како најуспешни во историјата. Со него според бројот на гласови во почетна петорка се и Стеф Кари, Џејмс Харден, Кевин Дурант и Пол Џорџ.
Адетокумбо во најдборите пет на Исток е заедно со Кајри Ирвинг, Кемба Вокер, Каваи Ленард и Џоел Ембид. Резервите ќе бидат објавени по една седмица.
Форматот и годинава ќе биде како лани што значи дека капитените имаат право да си го изберат составот правејќи комбинација од стартерите и резервите без разлика дали играчот доаѓа од Источната или од Западната конференција.
The Western Conference @NBAAllStar Starters Pool!@KingJames @JHarden13 @StephenCurry30 @Yg_Trece @KDTrey5 #NBAAllStar pic.twitter.com/PnkabEbUVm
— NBA (@NBA) January 25, 2019
The Eastern Conference @NBAAllStar Starters Pool! @Giannis_An34 @KyrieIrving @KembaWalker @kawhileonard @JoelEmbiid #NBAAllStar pic.twitter.com/bLwuc8d6sV
— NBA (@NBA) January 25, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА