Леброн и Дејвис подготвени за дербито за Лос Анџелес: Божиќ не се пропушта

Божиќната НБА понуда нема воопшто да загуби на атрактивност со оглед дека клучната празнична пресметка ќе биде комплетна. Дуелот на ривалите од Лос Анџелес ќе биде комплетен, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ќе бидат дел од тимот на „лејкерс“. Двајцата имаат повреди, но тоа нема да ги спречи да им се спротивстават на ланскиот МВП, Каваи Ленард и на „клиперс“.

Џејмс пропушти еден натпревар поради истегнат мускул и повредата на препоните која му се провлекува подолго време. Дејвис пак имаше помали проблеми со повреда на коленото.

„Мораме да бидеме сигурни дека нашите играчи се здрави и дека паметно ја контролираат енергијата во овој период од годината. Мора да имаме в предвид дека е во прашање маратон“ – вели во пресрет на дуелот, тренерот на Лејкерс, Френк Вогел.

Лејкерс се во серија од три последовни порази, првпат оваа сезона се во ваква ситуација, но и натаму се водечки тим на Западната конфереција. Со „клиперс“ играа на отворањето на сеозната и тогаш славеше тимот на Ленард.

 

 

 

Се вчитува...