Леброн и Лејкерс мотивирани и перфектни пред легендата Брајант (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа 11 победа сезонава, се зацврстија на лидерската позиција на табелата во Западната конференција, врзаа серија од четри последовни успеси по поразот од шампионот Торнто и во моментов се тимот со најмногу триумфи во Лигата. Сето ова по убедливата победа од 122-101 на домашен терен над Атланта, а пред легендата на клубот, Коби Брајант кој прсуствуваше на натпреварот.

„Лејкерс“ го имаа под контрола натпреварот во речиси целито негов тек, Атланта единствено беше подобра во третиот сегмент кој и припадна со 27-36, сите останати периоди го доби домашниот состав. Леброн Џејмс со 33 поен ии 12 асистенции беше лидер во триумфот, кај Атланта, очекувано, Тре Јанг беше прв стрелец со 31 поен.

На отворањето на неделната програма, во драматичен финиш, Сакраменто го победи најдобриот тим на Истокот, Бостон со 100-99. Со кош на 13,3 секунди пред крајот, Сакраменто дојде до триумфот, четврти на последните пет натпревари. Бостон ја прокцка шансата во последниот напад и мораше да се соочи со вториот сеознски неуспех. Со биланс 10-2, Бостон и натаму е лидер во Конференцијата.

 

Победи на одмашен терен остварија и Орландо над Вашингтон од 125-121 како и Њу Орлеанс над Голден Стејт од 108-100. Гостински триумф од 131-114 забележа Денвер  кај Мемфис.

 

 

Се вчитува...