Леброн и лејкерси заборавија да победуваат

Леброн Џејмс дојде со големи амбиции во ЛА Лејкерс, но на големиот ас ќе му се случи нешто незамисливо во првата сезона во овој клуб, не успевајќи да се пласира во плејофот. „Езерџиите“ синоќа загубија на домашен терен од Бостон со 107-120, петти пораз во низа со кој оваа екипа падна на единаесеттото место во Западната конференција.

Тројца од четирите најдобри кошаркари на ЛА лејкерс поради повреда не настапија денеска, Инграм, Кузма и Бол мечот со Бостон го следеа од клупата. Леброн стигна до трипл-дабл од 30 поени, 12 асистенции и 10 скокови, што не беше доволно за да се стигне до позитивен резултат. На спротивната страна со 30 поени најефикасен кај Бостон беше неговиот поранешен соиграч од Кливленд, Кајри Ирвинг.

Милвоки продолжува во победнички ритам, славејќи рутински над Шарлот со 131-114. Пресудно беше второто полувреме во кое домашниот тим постигна 76 поени (наспроти 55 на гостите). Адетокумбо стигна до дабл-дабл од 26 поени и 13 скокови, Брук Лопез реализираше 25 поени, додека Никола Миротиќ додаде 18 поени во големата победа на Милвоки.

Резултати НБА:

Њујорк – Сакраменто 94-102, Атланта – Бруклин 112-114, Минесота – Вашингтон 135-130 (по прод.), ЛА Лејкерс – Бостон 107-120, Милвоки – Шарлот 131-114, Портланд – Феникс 127-120.

Се вчитува...