Леброн и сам може да ги победи Дончиќ и Далас (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа седмата последовна победа и тоа со триумф, убедлив над Далас од 129-114. Во пресметката „лејкерс“ беа без повредениот Ентони Дејвис, а одлична вечер имаа Леброн Џејмс и Кајл Кузма. Џејмс постигна 35 поени, имаше и 16 скока и седум асистенции. За него ова е првпат во кариерата да врзе повеќе од 35 поени и 15 скока во регуларен дел од сезоната. Ова шестпати му успевало во плеј-офот.

Кузма средбата ја заврши со 26 поени. Лука Дончиќ имаше 25 поени, 10 скока и седум асситенции и повторно беше блиску до трипл-дабл, но неговиот ефект беше далеку од доволен за успех над лидерот на Западната конференција. Лејкерс имаат биланс од 31/7 на, подобар од нив е само водечкиот на Исток, Милвоки кој забележа триумф над Сакраменто од 106-127. Бакс дојдоа до 40. победа, имаат само шест порази. Далас со ефект 23-15 е шестопласиран на Запад.

Се вчитува...