Леброн ја објасни грешката со која го изнервира Богдановиќ… (ВИДЕО)

Леброн Џејмс на синоќешниот дуел меѓу Јута и ЛА Лејкерс мина „неказнето“ и покрај тоа што пренесувајќи ја топката направи три и пол чекори, па си ја задржа топката во раката, а потоа продолжи да се дрибла на неверување на Бојан Богдановиќ кој очајнички се обидуваше да реагира кај судиите.

Судијата можеше да му суди на Леброн буквално се, но не го направи тоа… По мечот и самиот Леброн објасни што се случило, не криејќи дека згрешил…

„Беше тоа една од најлошите работи кои сум ги направил во кариерата. Воопшто не знаев дека сум го направил тоа се до полувремето кога еден од тренерите ми покажа снимка. Но, бев концентриран што се случува во рекетот, во желбата да додадам, потоа се премислив и направив две-три грешки кои судиите не ги санкционираа“ – вели Леброн кој мечот го заврши со 20 поени и 12 асистенции.

 

Лејкерси убедливо славеа на мечот со 121-96.

Се вчитува...