Еден од најдобрите кошаркари во последните две децении Леброн Џејмс потврди дека е во тек подготовката на документарен филм за него.
Кога филмот ќе биде претставен пред јавноста, публиката ќе може да види досега необјавени снимки од зад сцената, од животот и кариерата на еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката.
Медиумите во Соединетите Американски Држави подолго време шпекулираа за соработката меѓу Џејмс и ЕСПН, а Леброн во интервју потврди дека ќе пренесе многу детали од својот живот и кариера на филмското платно.
„Исто така, подготвувам и еден навистина добар документарец. Кога ќе го завршам, ќе биде спектакуларен“, изјави Џејмс.
Иако деталите за дистрибуцијата и датумот на премиерата се уште не се познати, извори блиски до продукцијата наведуваат дека телевизиската екипа речиси десет години собирала ретки и досега необјавени снимки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
