Леброн ќе го снима „Спејс џем 2“ наместо да игра на СП во Кина

Леброн Џејмс повторно реши да не настапува за американската репрезентација откако асот на ЛА Лејкерс обелодени дека нема да биде дел од тимот за СП што летово ќе се одржи во Кина. Селекторот Грег Попович се обидуваше да го убеди „кралот Џејмс“ да му се приклучи на националниот тим, но не успеа во својата намера.

„Сите знаат колку го почитувам Попович, но ова лето не е добро за мене да го минам во тренинзи и натпревари“ – изјави Леброн, кој го пропушта финишот на сезоната во обид целосно да ја санира повредата и стопроцентно подготвен да влезе во новата сезона.

Според дел од медиумите, отсуството на Џејмс не се должи на желбата за одмор, туку на обврските што „суперѕвездата“ ќе ги има со снимањето на филмот „Спејс џем 2“. Токму Леброн беше избран за ѕвезда на ова продолжение, во кое во првиот дел главна улога имаше Мајкл Џордан, па асот на ЛА Лејкерс сака максимално да се посвети на овој ангажман, во периодот когаа неговите репрезентативни колеги ќе водат битки во далечната Кина.

Се вчитува...