Леброн: Кога првпат го сретнав Џордан, како да го видов Господ

Леброн Џејмс веќе има три шампионски титули во НБА лигата и е доминантен во најсилното кошаркарско натпреварување во светот последнава деценија. И покрај потврдената големина и квалитет, Џејмс никако не може да избега од постојаните споредби со Коби Брајант и со Мајкл Џордан. Тој пак тврди дека не е во трка за докажување и признава дека Џордан му бил силен мотив на патот кон кошаркарската слава.

„Беше божествено. Постојано го зборувам тоа и секогаш ќе го повторувам. Беше како да го среќаваш Господ за првпат. Така ми беше мене кога на 16 години се запознав со Мајкл Џордан“ – вели Леброн објаснувајќи како го доживеал Џордан на првата средба.

Оваа изјава на Џејмс не е нова, но тој ја повтори во пресрет на дуелот на неговиот Лос Анџелес Лејкерс и Шарлот, екипата чиј сопственик е Мајкл Џордан.

 

 

Се вчитува...