Леброн меѓу легендите: Во друштво на Џабар, Мелоун и на Брајант со повеќе од 33.000 поени во кариерата

Леброн Џејмс продолжува да си ја „цементира“ позицијата меѓу најдобрите во историјата на НБА лигата. Во победата на Лос Анџелес Лејкерс од 114-110 над Њу Ореланс, постигна 29 поени и со тоа ја надмина границата од 33.000 поени во кариерата.

Тој сега има точно 33.008 поени што го прави само четвртиот играч во НБА историјата со вакво постигнување.  Карим Абдул Џабар, Карл Мелоун и зад Коби Брајант се тројцата што претходно ја имаа надминато оваа бројка на постигнати поени во кариерата.

 

 

 

 

Се вчитува...