Леброн може да се врати против Клиперс

Леброн Џејмс би можел да се врати во тимот на Лос Анџелес Лејкерс оваа седмица. Најавите од клубот велат дека тоа ми можело да се случи на четврточната пресметка против градскиот ривал, Клиперс, но постои мала надеж дека тоа би било веќе против Филаделфија денеска.

Сепак тренерот на Лејкерс, Лук Волтон вели дека го подготвува тимот како Леброн да нема да биде во составот.

„Имаше некои кратки тренинзи, тренираше под контакт, имавме и некои вежби за одбрана. Идеално би било кога би го имале на цел тренеинг, но ништо не е идеално во НБА сезоната. Изгледа се подобро и ќе продолжи да работи“ – вели тренерот на Лејкерс.

Леброн Џејмс се повреди на Божиќ во дуелот против Голден Стејт и веќе пропушти 16 натпревари во кои значително се влоши билансот на Лејкерс и ја загубија позицијата која води во плеј-офот.

 

 

Се вчитува...