Леброн: Не го користев Ол-стар драфтот за да врбувам играчи

Леброн Џејмс го отфрла обвивнуваата дека изборот за „Тимот Леберон“ за претстјниот Ол-стар викенд го правел за да привлече играчи за Лос Анџелес Лејкерс.

Во неговиот тим ќе настапат Дурант, Харден, Иргинм, Ленард, Олдриџ, Бил, Дејвис, Лилард, Симонс, Томпсон, Таунс и Вејд.

Изборот на Леброн веднаш беше протолкуван како симптоматичен бидејќи Дурнат, Ленард, Ирвинг и Томпсон летово ќе бидат слободни агенти, а најголем дел од нив беа поврзувани со Лејкерс по доаѓањто на Џејмс во тимот.

„Тоа се само шпекулации. Јас ги разбирам медиумите дека мора да пишуваат, но знам и дека ги избрав најдобрите кошаркари за мојот тим. Случајност е дека Дурант и Кари ќе бидат слободни играчи, Харден на пример, нема да биде, тој има важечки договор уште многу години. Сите нешто се возбудуваат кога има избори“ -вели Леброн.

Ол-стар викендот е од петок до недела во Шарлот. Џејмс и Адетокумбо се капитени на екипите кои ќе играат меѓусебе на главниот настан в недела вечер.

 

 

 

Се вчитува...