Леброн не игра за „боранија“, ги откачи Ла Лејкерс и Кливленд

Леброн Џејмс се уште нема донесено одлука за иднината, но веќе е извесно дека „кралот“ нема да се врати назад во Лос Анџелес, по неуспешните преговори за продолжување на соработката со управата на „езерџиите“

Тој заработи огромни 52,6 милиони долари за ланската сезона, но имаше и одлични бројки од 20,9 поени, 6,1 скокови и 7,2 асистенции по натпревар, па јасно е зошто Леброн останал разочаран откако од својот доскорешен клуб добил ппонуда да игра само за „минималец“ од четири милиони долари, сума што е вообичаена за ветераните во лигата.

Џејмс бил навреден од ваквата понуда и преговорите веднаш се прекинати, а ЛА Лејкерс вниманието го насочуваат кон други „ѕвезди“ на пазарот кој би заиграле од следната сезона крај Лука Дончиќ.

Покрај лејкерси, од трката за Леброн испаднал и неговиот поранешен клуб Кливленд. Понудата на кавалирс била повисока од онаа на ЛА Лејкерс, но сепак далеку под она што „кралот“ го очекувал, па и оваа опција падна во вода.

Нејасно е колку точно Леброн очекува да добие во 42 година од животот, интересно ќе биде да се види дали некој од заитересираните клубови ќе ги задоволи неговите барања, или Џејмс летово сепак ќе стави крај на својата кариера.

Се вчитува...