Леброн: Обврска ми е да ја пренесам мудроста на младите (ВИДЕО)

Леброн Џејмс имаше дуел со првиот пик од драфтот во 2019 година Зајон Вилијамсон. Иако, Вилијамсон имаше поен повеќе од Леброн сепак на крајот победата замина кај Лејкерс. По натпреварот асот на Лејкерс имаше зборови на пофалба за „рукито“ на Пеликанс, но како што вели тој пораката до Зајон ќе остане тајна.

„Тоа ќе ви каже Зајон. Ги советувам момците кои доаѓаат после мене. Го правам тоа поради љубовта кон оваа игра. Тие доаѓаат и имаат иста страст каква имав јас кога дојдов во лигата. Лигата е во одлични раце со момци како што се Зајон, Морант, Дончиќ, Тре Јанг и останатите. Среќен сум што го делам паркетот со нив. Знаете моја обврска е да им ја пренесам играта на момците кои доаѓаат по мене“, изјави Џејмс. 

 

 

Се вчитува...