Леброн побара, Кливленд донесе нов плејмејкер

Кливленд игра променливо во досегашниот дел од сезоната, па иако актуелниот првак е лидер во Источната конференција, Леброн Џејмс е свесен дека на тимот му е потребно играчко освежување за да може достојно да ја брани титулата во плејофот. „Кралот“ Џејмс веќе извесно време бараше од управата да донесе нов плејмејкер со кој би се намалил товарот врз Кајри Ирвинг, па се чини дека желбата на најдобриот кошаркар на денешницата конечно ќе биде исполнета.

Американските медиуми најавуваат дека нов член на Кливленд кавалирс ќе биде Дерон Вилијамс, играч на чиј ангажман инсистирал Џејмс во последните неколку седмици. Преодниот рок во НБА-лигата заврши, но трансферот ќе се реализира бидејќи Вилијамс неодамна беше ставен на листата на слободни играчи откако тренерот на Далас маверикс реши повеќе да не смета на неговите услуги.

Преговорите меѓу Вилијамс и Кливленд се во завршна фаза, а се очекува договорот да биде потпишан до крајот на сезонава, со можност во јули соработката да биде продолжена. Поранешниот олстар играч има сосема сослидна сезонава, па пред раскинот на договорот со Далас во просек бележеше по 13 поени и седум асистенции по натпревар.

Се вчитува...