Леброн поради непочитување ќе го напушти ЛА

Крајот на сезоната отвора многу прашања за тимот на ЛА Лејкерс, а иднината на Леброн Џејмс е голема тема.

Како што објави ESPN, одлуката на 41-годишната НБА ѕвезда ќе зависи од ставот на раководството на франшизата доколку клубот сака да го задржи. Тие објаснуваат дека парите нема да играат клучна улога, но дека пристапот на клубот и начинот на кој ќе покажат почит и желба за континуирана соработка ќе бидат одлучувачки.

Почитта е клучна за Леброн, а особено му пречеа неколку потези на раководството. Еден таков потег беше  на 31 март по победата против Кливленд.

Џејмс стигна до рекордната 1229-та победа во кариерата, додека Лука Дончиќ ја премина границата од 15.000 поени, а Руи Хачимура 5000. Тренерот Џеј Џеј Редик ја забележа својата 100-та победа во НБА лигата.

Сепак, по натпреварот, генералниот менаџер Роб Пелинка му ја подаде топката  на тренерот Редик во соблекувалната, игнорирајќи ги другите тројца славеници. Според информациите, Џејмс го протолкува тој потег како знак дека раководството на клубот повеќе не го цени доволно и го зема здраво за готово неговиот придонес.

Се вчитува...