Леброн Џејмс кој изминатото лето си замина од ЛА Лејкерс и потпиша за Филаделфија сиксерс, открива дека првичната идеја и желба му биле да потпише за Њујорк никс.
Џејмс во разделбата со ЛА Лејкерс, долго време размислуваше во кој тим да ја продолжи кариерата и изборот падна на Филаделфија каде со Џоел Ембид, Тајрис Макси и Џејлен Браун, ќе бидат едни од главните фаворити за титулата во новата сезона.
Тој открива дека избирал меѓу пет екипи, Филаделфија, Мајами, Кливленд, Минесота и Голден Стејт, но и дека постоела уште една екипа во која сакал да игра пред таа да ја освои титулата и да го прекине 53-годишниот пост без шампионски прстен, Њујорк никс.
„Имав визија да играм во „Медисон сквер гарден“ и таму да ја завршам кариерата. Тоа е едно од најдобрите места на кои некогаш сум играл и мислам дека кога станува збор за кошарката, тоа е најдобрата арена во светот. Но, откако го победија Сан Антонио во големото финале: Не можам да го сторам тоа. Медиумите „немаше да ми дозволат“ да заиграм таму откако ја освоја титулата. Имам голем респект кон Њујорк, тоа е неверојатен тим со неверојатни играчи. Секоја чест за Џејлен Брансон, неверојатен е. Но, среќен сум таму каде што сум и се радувам за предизвиците кои ни претстојат“, вели Џејмс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
