Леброн: Се чувствував како дете во слаткарница

Леброн Џејмс е воодушевен од новиот соиграч Eнтони Дејвис кој летово дојде во Лос Aнџелес Лејкерс. Во првиот претсезонски натпревар, Дејвис за 22 минути постигна 18 поени, имаше и 10 скока. Во мечот против Голден Стејт, Џејмс имаше 15 поени и осум асистенции.

„Дејвис е чудовиште. Одлично беше да се врати на терен. Се чувствував како дете во продавница за слатки. Во текот на овој процес градиме добри навики. Ова беше добар старт“ – напишат Леброн на социјалните мрежи по натпреварот.

Лос Анџелес Лејкерс летово го засилија составот и во сезоната ќе влезат со големи очекувања. Минатата сезона, Лејкерс не обезбедија пласман во плејофот.

Се вчитува...