Леброн Џејмс нема да настапи за ЛА Лејкерс на последните шест натпревари од оваа сезона, во која „кралот“ по 14 години не успеа да обезбеди место во плеј-офот од НБА-лигата. Загубената битка за доигрувањето беше причина управата да реши дека е најдобро Џејмс да земе одмор предвреме, за да не се ризикува да дојде до нова повреда.
Тој се повреди за време на божиќните празници и пропушти 17 натпревари, што е негова најдолга пауза поради повреда во кариерата.
„Таа повреда не беше целосно санирана бидејќи се брзаше за Леброн што побрзо да се врати. Затоа, најдобро за сите е сега да не се ризикува, за Леброн Џејмс да биде максимално подготвен за следната сезона“ – објавија од раководството на ЛА Лејкерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА