Леброн со нов „трипл-дабл“ лесно го среди Феникс… (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс славеа против Феникс со 117-107 во еден од синоќешните НБА натпревари. Лејкерс лесно дојдоа до 27-та победа сезонава.

На полувремето домашните имаа предност и од 33 поени (74-41) што јасно покажа кој ќе биде победникот на дуелот, иако Санс во последниот период од играта се заканија и успеаја да намалат до подносливи минус десет.

Леброн Џејмс предводенеш со „трипл-дабл“ ефект од 31 поен, 13 скока и 12 асистенции, додека Ентони Дејвис имаше „дабл-дабл“ од 26 поени и 11 скока. Кај Санс, Девин Букер постигна 32 поени.

Најдобриот тим во лигата, Милвоки со доста маки славеше против Минесота со 106-104.

Портланд неочекувано загуби во „Медисон сквер гарден“ од Њујорк со 117-93. Робинсон и Рендл со по 22 поени го водеа Њујорк до победата, на спротивната страна Кармело Ентони постигна 26 поени.

Орландо како гостин славеше против Вашингтон со 122-11, со 25 поени на Аугустин и „дабл-дабл“ на Никола Вучевиќ од 20 поени и 12 скока.

Се вчитува...