Леброн со покана до Кармело: Дојди во Лејкерс да си помогнеме еден на друг

Леброн Џејмс бележи солидни резултати во својата прва сезона во ЛА лејкерс, но на „кралот“ Џејмс му е јасно дека за посериозенн атак на највисок пласман неопходно ќе биде дополнително да биде засилен играчкиот ростер на „езерџиите“. Не е тајна дека Леброн сака од наредната сезона крај себе да ги види Каваи Ленард од Торонто или Кевин Дурант од Голден Стејт, како мопција се споменува и извонредниот центар Ентони Дејвис, но за Леброн приоритет во моментов е да го убеди Кармело Ентони да му се приклучи во лејкерси уште во текот на оваа сезона.

Ентони ја почна сезоната во тимот на Хјустон, но неодамна му беше раскинат договорот со „ракетите“, па сега може без проблеми да ја избере својата следна дестинација.

„Мислам дека би било одлично да гоимаме Кармело Ентони во лејкерси. Наспроти критичарите, јас се уште верувам во него, знам дека може да ја игра оваа игра на највисоко ниво. Верувам дека можеме да си помогнеме, јас сум да помогнам да се врати во форма, тој да помогне да победиме што повеќе натпревари. Ако се укаже можност сигурно дека јас би бил пресреќен да играм во ист тим со него“ – истакна Леброн Џејмс.

Се вчитува...