Лeброн во карантин: Се чувствувам како Том Хенкс во „Cast Away“

Коронавирусот се позабрзано се шири и низ НБА-лигата, а откако беше откриено дека позитивни се тестовите на двајца кошаркари на ЛА Лејкерс, сите останати веднаш заминаа во своите домови, за да ги минат следните 14 дена во самоизолација. На Леброн Џејмс дефинитивно му е здодевно, па во текот на вчерашниот ден објави 45-минутно „видео во живо“ на својот инстаграм профил.

„Тешко е, само се седи дома и ништо не се прави. Борбата во куќата на семејството Џејмс е реашност во моментов, но мора да се издржи. Не ми дозволија ниту да одам кај мојот фризер, најостро ми забранија контакти со надворешниот свет. Се чувствувам како Том Хенкс во филмот „Cast Away”. Искрено, ми недостига кошарката, да го правам она што го правам најдобро. Паузата доаѓа во најлош момент, кога игравме одлична кошарка, имавме извонредна атмосфера во тимот и се подготвувавме за плејофот“, изјави Леброн Џејмс.

„Езерџиите“ од Лос Анџелес имаат скор од 49 победи и 14 порази, со што имаат удобна предност на врвот на табелата во Западната конференција.

Се вчитува...